WIRE Entertainment

Приказната започна во 2011 година како Club Wire, основан од Владимир Христов, каде што настапуваа различни музички уметници, како што се Øresund Space Collective (Данска), The Samuel Jackson Five (Норвешка), State of Mind (Нов Зеланд), Soviet Soviet (Италија) и др. Во текот на 2014 и 2015, клубот организираше краток филмски фестивал (Future Shorts) и различни театарски изведби, коишто доведоа до вклучување на Драган Трајковски и Зоран Димитриевски во јануари 2016, што резултираше со создавање на Cyber Punk – Здружение за Поддршка и Развој на Уметноста.

Во периодот помеѓу 2016 и 2017, Cyber Punk беше генерално фокусиран на организирање на настани од современата уметност. Во текот на овој период, беа организирани 12 уметнички изложби на млади македонски наградувани уметници. Истовремено, Cyber Punk организираше музички концерти, од коишто најзначаен беше на Damo Suzuki, поранешен фронтмен на германската краутрок група Can.

По кратка пауза, во мај 2020, Cyber Punk прерасна во Wire Entertainment со нови услуги, вклучувајќи ја Музичката издавачка продукција „Магна Матер“ ДОО, претставувајќи ги првите две изданија: во светот на Неофолк музиката Аvelina (Куманово, Македонија) и во електронската музика Alex Plant (Лондон, Англија).

Владимир Христов

МУЗИЧКИ ПРОДУКЦИИ И ОБЈАВУВАЊЕ

Wire Entertainment е независна музичка издавачка куќа, со седиште во Куманово. Преку музиката, ние го поврзуваме слушателот со артистот. Нашата автентична компанија им ги нуди на своите клиенти сите можни услуги во музичката индустрија. Преку нашите соработници, поврзани сме со широка мрежа на професионалци, и покрај издавачките услуги, нудиме промоции и букинзи.

Нашиот ангажман, покрај другото, вклучува и компонирање, аранжман, текстови, снимање, микс и мастер, како и составување на маркетинг материјал од типот на промотивни слики и видеа, постери, веб страни, видеа од концерти во живо и останат промотивен материјал. Советување и помош за промоција на социјалните мрежи (Facebook, Instagram, YouTube, Twitter и др.) и планирање на издавање на албум или сингл, се дел од нашето професионално портфолио.

Со помош на нашите надворешни промотери и букинг агенти, на артистите им нудиме менаџмент, букинг и промотивни пакети, со цел да создадеме можности за турнеи и настапи во живо.

Ние веруваме во спојување на различни музички стилови и нивно влијание врз искуството на слушателите и изведувачите. Оттаму, нашата амбиција е претставување, продукција, промоција и издавање на музика од различни жанрови, под услов да се во прашање уметници од специфичен профил. Нашите уметници имаат можност да издаваат музика на CD, винил или дигитално, или комбинација по нивен избор.

Нашиот тим ја знае вредноста на долгорочното стратешко планирање и го става уметникот во прв план.

СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ

Wire Entertainment е компанија создадена да ја зајакне секоја форма на уметност, со цел да ја подигне јавната свест и да ѝ ја претстави уметноста на јавноста. Создавајќи културни настани и растечка мрежа на можности, односи и комуникација помеѓу уметниците, љубителите на уметноста и културните професионалци, Wire Entertainment има за цел да ја промовира современата уметност и нејзините уметници.

Wire Entertainment се стреми кон можности за нови соработки, со цел да се шири убавината и љубовта кон уметноста, но пред сè кон создавање на конкретни прилики за растење и развој на нови проекти.

Нашата амбиција е да претставуваме и промовираме различни современи уметници, пред сè на визуелната уметност, поточно сликарство, скулптура, фотографија, видео проекции, виртуелна и дигитална уметност.

Нашата цел е да се промовираат и поддржат уметниците во нивните кариери низ широк спектар на можности.

Драган Трајковски

Зоран Димитриевски