Триесет години независност

Драги наши,

Со големо задоволство и внимателна селекција одбравме уникатна и избалансирана комбинација на традиција , свежина и креативност, со други зборови на Спомен Костурница на 18ти Септември ги имаме : Д.Н.О ; КИ ; ПМГ КОЛЕКТИВ ; АВЕЛИНА ; DADO K & MAMLI и групна изложба на најталентраните Македонски уметници во моментов.

Почнуваме во 11 часот со групна изложба на во моментов едни од најреномираните Македонски уметници и dj- сетови на Калц, Димитриевски и Sinking Photon а потоа:

Д.Н.О се тука да ни ја пренесат Скопската шармантна авангарда ;

ПМГ КОЛЕКТИВ да ни покажат зошто важат за најдобриот Македонски “Dance” состав ;

КИ , да не однесат на пат од кој нема назад и потсетат зошто Куманово има бенд со Светски квалитет ;

АВЕЛИНА, преку музика да ја облагороди сегашноста ;

Dado K & Mamli и dance studio УЛТРА за прослава на младешкиот независен дух 🙂

Влезот за овој настан ќе биде со донација а истиот ќе почне во 11 часот наутро.

Овој настан исто како и претходните ќе биде реализиран според сите утврдени и одобрени протоколи од Министерството за здравство и комисијата за заразни болести.

Видимо се на споменик !!!