Марјан Јаневски

Биографија

Марјан Јаневски е роден 1963 година во Куманово каде живее и работи професионално. На полето на фотографијата активно работи и изложува уште од 1982 година а од 1983 година станува и член на Фото Сојуз на Македонија. Во моментов е член на фото-клуб „Козјак“ од Куманово.

До сега има организирано две индивидуални изложби на уметничка фотографија. Првата, ретроспективна, организирана во 1997 година со цел одбележуцање 15 години од работата на авторот. Втората, наречена „На Концерт“ организирана во 2000 година со концертни фотографии кои датираат од периодот помеѓу 1983-1995 година.

Во својата богата творечка историја учествувал на повеќе од 100 групни изложби во земјава и странство, освојувајќи преку 30 награди за уметничка фотографија под покровителство на FIAP и PSA. Од 2002 година работи во сопствена компанија за продукција на фотографии и видео „ФОТО АРТ“, каде освен уметничка фотографија подготвува и портрети, портфолија, свадбени фотографии, матурски фотографии, видео клипови како и рекламни фотографии и видео материјали за многу локални компании (календари, проспекти, каталози, рекламни клипови, комерцијални презентации и слично).

  • Носител на звањето Кандидат – мајстор на фотографија од 2011 год. доделено од Фото Сојуз на Македонија
  • Носител на звањето AFIAP Photographer – доделено од Fédération Internationale de l’Art Photographique-Paris
  • Член на жири на меѓународни изожби под покровителство на FIAP и PSA
  • Автор на фотографии во 4 монографии за град Куманово и монографија за КУД „Панче Пешев“ од Куманово
  • Автор на фото-монографија со над 250 фотографии за градот Куманово

Дела

Зоран Димитриевски

Директор

Драган Трајковски

Директор

Владимир Христов

Продукциски Менаџер