Sinking Photon е проект на Никола Наумовски. Тој е музичар, композитор и поет, роден 1994 во Куманово, Македонија. Дипломирал на Катедрата за Теорија на музиката и музичка педагогија при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.
Неговата музика е експериментална и атмосферична, таа претставува симбиоза од повеќе музички жанрови како џез, електроника, амбиентална музика, индастријал, нео класика и сл.
Sinking Photon е неговиот прв индивидуален композиторски проект.
“City of diluted lights” е називот на неговиот албум кој е концептуален во својата апстрактност.
Како поет има освоено прва награда во проектот „Млади поети“ во чест на Блаже Конески, има учествувано на разни поетски читања ширум Македонија меѓу кои и како финалист на меѓународниот поетски фестивал “Литературни искри” и застапен е во неколку антологии.