Авелина е уникатен Неофолк бенд од Македонија започнат како соло проект на Сара Александровска (вокал и тамбура). Непосредно по раѓањето на идејата, Сара го запознава Воислав Пехчевски (свири џембе) и нивната заедничка љубов кон музиката доведе до меѓусебно пријателство и до формирање на бенд.
Истражувајќи ги корените на македонскиот фолклор во потрага по музичка инспирација и поврзаност помеѓу современите музички трендови и традиционалните народни мотиви, заедно откриваат мноштво изненадувачки сличности и разлики кои ја истакнуваат уникатноста на македонскиот фолклор. Ова е токму она што ќе го најдете во песните на АВЕЛИНА, бенд што се обидува да ги замагли границите и да гради мостови што ќе ги поврзат традицијата и современиот живот.
Приклучување на придружните вокали Дајана Стојадиновска и Александар Димов резултираше со создавање опус на традиционални звуци и варијации на магични мелодии. Со ова, проектот Авелина конечно го добива својот конечен состав.
Настапите на Авелина се разновидни, со концерти и интерактивна музичка медитација каде што публиката е поканета да се приклучи во мантричното пеење заедно со бендот.