Алекс Плант е музички артист од Македонија со седиште во Лондон, Велика Британија.
Неговата музика се карактеризира со истражување на различни музички жанрови вклучувајќи електроника, краутрок, индастриал, ноис и психоделичен рок. Во последните 3 години, спојувајќи го своето животно музичко искуство и вметнувајќи „dance“ пристап кон креирање музика успева да создаде уникатно движечко и психоделично искуство. Во жанровска смила, неговата музика е тешко да се дефинира, а слушателите често ја опишуваат како микс од „Space Disco“ до „Dark Techno“.
Верувајќи цврсто во иднината на електронската музика, визијата на Alex Plant е да продолжи да создава уникатна и концептуално инспирирана музика, истовремено поместувајќи ги границите во истражување на звукот.