Сашко Костов е продуцент, вокал и мулти-инструменталист (Велес, Македонија) кој постојано презентира една кулминација на својата инспирација преку музика тесно поврзана со неговото потекло и влијанија. Уште од првото слушање, и покрај сложеноста на неговите композиции, тие допираат до публиката и не ја оставаат рамнодушна.
Работејќи на музичката сцена уште од 1995-та година, Сашко Костов својот подем го бележи во периодот на т.н нов македонски бран на свежи продуценти кои дефинитивно дадоа нов и релевантен облик на македонскиот поп звук. Големо внимание посветува на деталите во композицијата инспирана од џезот, краут-рокот, поп звукот и алтернативниот рок.
Иако твори интригантна музика истовремено успева да остане верен на сопствените творечки стремежи. Посветен на својата уметност и еклектични идеи, овој уметник знае како се користи поетскиот стих за да ги разубави своите музички тонови и ритмови. Вокалите се неговото најмоќно оружје.