Игор Манојловски а.к.а Игор Калц (Скопје, Македонија) е дипломиран историчар на уметност, вработен како технички уредник, графички дизајнер и карикатурист во „Нова Македонија”.
Со колажот како медиум, авторот се обидува понекогаш на духовит, но почесто на ироничен начин да си поигрува со познати или препознатливи визуелни елементи, ставајќи ги во некоја нова реалност.
Во делата преку случаен и ненамерен избор на симболи и значења (елементи на еротско, митско, мистично, фантастично, надреално…) се создава неочекувана реалност во што всушност и лежи магијата и убавината на колажната техника, понекогаш користејќи некои средства или логика што се користат во рекламата и адвертајзингот.