ALEX PLANT

Драги пријатели,
Со огромно задоволство Ве покануваме на промоција на првото издание на ALEX PLANT со наслов „TIME SQUARED“ кое ќе се одржи на 15-ти август на отворен градски базен – Куманово. На промоцијата ALEX PLANT во живо ќе го изведе неговиот прв албум како и сеуште необјавени песни.
За да во време на Ковид-19 создадеме квалитетна забава со свои DJ сетови поддршка ќе дадат супер талентираниот млад DJ Shalajko) како и веќе докажаниот Igor Kalc.
ALEX PLANT е музички артист од Македонија со седиште во Лондон, Велика Британија.

Неговата музика се карактеризира со истражување на различни музички жанрови вклучувајќи електроника, краутрок, индастриал, ноис и психоделичен рок. Во последните 3 години, спојувајќи го своето животно музичко искуство и вметнувајќи „dance“ пристап кон креирање музика успева да создаде уникатно движечко и психоделично искуство. Во жанровска смисла, неговата музика е тешко да се дефинира, а слушателите често ја опишуваат како микс од „Space Disco“ до „Dark Techno“. Верувајќи цврсто во иднината на електронската музика, визијата на Alex Plant е да продолжи да создава уникатна и концептуално инспирирана музика, истовремено поместувајќи ги границите во истражување на звукот.

Настанот е организиран од Wire Entertainment и Магна Матер продукција. Воедно оваа е прво издание на продуцентска куќа Магна Матер.

Настанот ќе се одржи на 15-ти август на отворениот градски базен во Куманово со почеток од 18:00.

ВЛЕЗ: ДОНАЦИЈА

Со оглед на тоа што бројот на посетители е ограничен на само 200 од вкупниот капацитет кои изнесува 800 посетители резервации на телефон: 078/44 90 90
Магна Матер и Wire Entertainment како организатор и вие како публика треба да се придржуваме сите заедно кон она што е договорено, а тоа се следните мерки:

  • Задолжително се дезинфицираме при влез и излез, како и во текот на концертните настани на соодветните места поставени за дезинфекција.
  • Задолжително се мери температура при влез на настанот.
  • Одржуваме физичка дистанца при влез и излез, како и физичка дистанца во просторот каде што се одржува настанот.
  • Задолжително носиме заштитни маски. Без маска нема да биде дозволен влезот.
  • Ајде да се потрудиме сите заедно да ги направиме пристојни овие летни денови во Куманово, со што барем малку со почитување на мерките ќе ги доживееме убавите
    моменти со музика.

Да ги почитуваме мерките, да покажеме свесност и да уживаме во настаните!
Wire Entertainment и Магна Матер