Слушачка промоција на деби албумот на „Авелина“

Почитувани,

Wire Entertainment со задоволство Ве поканува на Слушачка промоција на албумското деби на кумановскиот Неофолк бенд „АВЕЛИНА”.

 Слушачката промоција на албумот „Од екот на предокот“ е закажана за 29 март 2021 (понеделник) во „The Yard Lounge Bar“ (Куманово) со почеток во 18 часот / влез слободен. Поради ограничен број на посетители, резервации на телефон 078/44 90 90

За време на настанот првото издание на „АВЕЛИНА“ за Wire Entertainment можете да го набавите по промотивна цена!

Повеќе за бендот прочитајте ТУКА!

Во пресрет на излегувањето на албумот, бендот објави и спот за песната „Земја (Earth)“.