К.Е.Ф. IMPULSE, DARKO RIPPLE, SHALAJKO, DADO K & MAMLI I MIRKO POPOV ЗА ЕЛЕКТРОНСКО ЛУДИЛО ВО КУМАНОВО ОВА ЛЕТО !!!

Драги пријатели,
Привилегија е да ви најавиме дека оваа година за прв пат во вид на еднодневен фестивал ќе се одржи К.Е.Ф. во вашата омилена електронска форма на Отворен градски базен Куманово, овој Петок 21.08.2020 со line up приспособен за сите генерации и сетила на љубителите на електронската музика.

ВЛЕЗ: ДОНАЦИЈА

Со оглед на тоа што бројот на посетители е ограничен на само 200 од вкупниот капацитет кои изнесува 800 посетители резервации на телефон: 078/44 90 90

Магна Матер и Wire Entertainment како организатор и вие како публика треба да се придржуваме сите заедно кон она што е договорено, а тоа се следните мерки:

  • Задолжително се дезинфицираме при влез и излез, како и во текот на концертните настани на соодветните места поставени за дезинфекција.
  • Задолжително се мери температура при влез на настанот.
  • Одржуваме физичка дистанца при влез и излез, како и физичка дистанца во просторот каде што се одржува настанот.
  • Задолжително носиме заштитни маски. Без маска нема да биде дозволен влезот.

Ајде да се потрудиме сите заедно да ги направиме пристојни овие летни денови во
Куманово, со што барем малку со почитување на мерките ќе ги доживееме убавите
моменти со музика.

Да ги почитуваме мерките, да покажеме свесност и да уживаме во настаните!
Wire Entertainment и Магна Матер.